Англиската фудбалска легенда, Гери Невил, се обиде да прогнозира како ќе се одвива битката за титулата во Премиер лигата. Според него, во трката за првите четири места нема да завршат Челзи и Ливерпул.
„Манчестер Сити и Тотенхем веројатно ќе бидат на врвот, таму го гледам и Арсенал“ – вели Невил.
„ Мислам дека Сити, Арсенал, Тотенхем и Манчестер Јунајтед, ќе бидат во Топ 4 додека Челзи и Ливерпул едноставно ќе останат без пласман за ЛШ“ – потенцира Невил.