Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Гери Невил, кој неодамна го критикуваше Ромелу Лукаку и даде максимална согласност за негова продажба во Интер, сега ја менува приказната.
„Црвените ѓаволи“ во неколку преодни рока останаа без Фелаини, Лукаку, Санчез, што значајно се одрази на ефикасноста на тимот. Челниците иако се обидоа да пронајдат соодветни замени, тоа сепак не ги донесе посакуваните резултати. Тоа го увиде и Невил.
„Сега нема квалитет и Манчестер Јунајтед се врати чекор назад. Тие ќе беа подобри со Фелаини, Лукаку и Санчез, без сомневање“ – потенцираше Гери Невил