Поранешниот дефанзивец на Манчестер Ј, Гери Невил, остро го критикуваше тимот по поразот од Брајтон во вчерашниот меч од 2. коло на Премиер лигата. Невил отиде дотаму што изјави дека не гледа дека Манчестер во догледно време ќе има тим кој може да ја освои титулата во лигата.
„Сега битката за титулата изгледа малку поинаква. Да, сезоната само што започна, но малку е веројатно дека Манчестер Ј. ќе биде во состојба, да биде и блиску до трката за трофејот. Иако го имаат најдобриот голман во светот, силен среден ред, немаат игра. Проблемот е во одбраната. Тимот прима многу голови, а грешките на четворицата во одбраната се ненадоместливи“, смета Невил.