Легендата на фудбалскиот тим Манчестер Јунајтед, Гери Невил, верува дека во наредните две сезони неговиот поранешен клуб нема шанси да ја освои титулата во Премиер Лигата на Англија.
„Треба да има многу промени кај фудбалерите, дел од играчите треба да се заменат а тоа не е направено. Мислам дека не може да бидат шампиони барем во наредните две години“ – вели некогашниот играч на тимот од „Олд Трафорд“.
Поранешниот дефанзивец кој помина речиси 20-ет години во редовите на англискиот состав има одиграно повеќе од 400 натпревари во сите конкуренции.