Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Гери Невил, нагласи дека тренерот на „црвените ѓаволи“, Оле Гунар Солскјер, мора да разговара со Кристијано Роналдо за неговата реакција по мечот со Евертон.
„Роналдо излегува од теренот и сам со себе си зборува. Тоа носи многу прашања. Што зборува? Од кој е незадоволен? Тоа може да се одрази само на тренерот“ – вели поранешниот репрезентативец на „Гордиот Албион“.
„Мислам дека Солскјер ќе мора да се соочи со Роналдо и ситуацијата ќе мора да се реши многу брзо. Кристијано нема да молчи и сигурно ќе каже што му пречи“ – вели Невил.