Една од легендите на фудбалскиот состав Манчестер Јунајтед, Гери Невил, нагласи дека тренерот Тен Хаг, направил одлична работа во последниов период и дека „црвените ѓаволи“ имаат сосема ново лице гледано од почетокот на сезоната.
„Пресвртот под водство на Тен Хаг е неверојатен. Тоа што Јунајтед го прави сега за мене беше незамисливо пред шест месеци“ – потенцира Невил.
Тимот од „Олд Трафорд“ вчера го освои Лига Купот на Англија откако во финалето на Вембли го совлада Њускал со 2-0. Тоа е прв трофеј за гигантот од Англија по 6 години пауза.