Фудбалерите на Манчестер Јунајтед вчера одиграа нерешено на теренот на Вулверхемптон 1 спрема 1 а првата ѕвезда на „црвените ѓаволи“, Пол Погба, не успеа да реализира удар од белата точка.
Тоа за Французинот е беше четвртиот промашен пенал гледано од почетокот на претходната сезона. Легендата на тимот Гери Невил, вели дека со таква статистика, Погба не смее да шутира пенали посебно што Рашфорд во првото коло против Челзи беше сигурен реализатор.
„Не сум сигурен дали Рашфорд во првото коло му го превзема пеналот на Погба и затоа сега тој му го направи истото на Рашфорд. Погба промаши четири пенали во изминатите 12 месеци. Сега Рашфорд треба да ги шутира пеналите“ – вели Невил.