Барселона е многу незадоволна од повредата на Роберт Левандовски. Полскиот интернационалец почувствува болка во бутот за време на првото полувреме од квалификацискиот натпревар за Светското првенство против Литванија, кој заврши 2:0 во корист на Полска.
Левандовски одлучи да продолжи да игра, откако стави завој на ногата. Искусниот голгетер веројатно ќе ги пропушти натпреварите на Барселона во следните четири недели, вклучувајќи го и дербито со Реал Мадрид на 26 октомври.
Ситуацијата предизвика голема нервоза во седиштето на шпанскиот шампион, според информациите од „Марка“. Незадоволството сега е насочено и кон самиот играч, кој требало да одбие да игра доколку не се чувствувал добро. Повредени во составот на Барселона се и Ламин Јамал, Дани Олмо и Феран Торес.

