Тројца фудбалери ќе го напуштат Вест Хем на крајот на сезоната откако одбиле да потпишат нови договори, објави денеска англискиот елитен состав.
Тоа се 19-годишниот дефанзивец, Џереми Нгакија, аргентинскиот дефанзивец Пабло Забалета и колумбискиот репрезентативец, Карлос Санчез. 35-годишниот Забалета има 80 натпревари за лондончани откако пред три години дојде од Манчестер Сити.
34-годишниот Санчез одигра само 18 натпревари во две сезони додека младиот Нгакија неодамна дебитираше во првиот тим. Тројцата фудбалери имаат тековни договори до 30 јуни.