Н’Голо Канте го одржа првиот тренинг со тимот на Челзи за прв пат по неколку месеци. Францускиот репрезентативец допрва ќе игра под водство на Греам Потер, а последниот официјален натпревар на кој играше беше минатиот август.
31-годишниот играч за врска тренира во клупската база од крајот на минатата недела, но до денеска се подготвуваше на индивидуална основа. Тој се уште не тренира со полна брзина како соиграчите. Се уште не е јасно кога Канте ќе се врати на терените, но стручниот штаб нема да ризикува со неговото брзо вклучување.
Малку е веројатно дека ќе го стави во составот за неделната пресметка со Тотенхем, но може да биде во ред за реваншот против Борусија (Дортмунд) во Лигата на шампионите.