Играчот на Челзи, Н’Голо Канте ќе го пропушти натпреварот со Зенит во првото коло од групната фаза во Лигата на шампионите.
„Н’Голо направи два тренинга завчера и тренираше вчера, но за него е рано да игра во Лигата на шампионите. Нема да ризикуваме во овој момент од сезоната. Решивме денес да му дадеме уште едно оптоварување, потоа ќе има слободен ден со остатокот од групата, за потоа да тренира со сите нас во петок за да биде целосно подготвен за натпреварот со Тотенхем в недела“, рече Томас Тухел во изјава за официјалната веб-страница на Челзи.
Тренерот Тухел исто така потврди дека играчот од средниот ред Кристијан Пулишиќ ќе го пропушти натпреварот против Зенит. Натпреварот помеѓу Челзи и Зенит се игра вечерва во Лондон, со почеток во 21 часот.