Фудбалскиот интернационалец од Нигерија, Одион Игало, и официјално е претставен како ново име во англискиот гигант, Манчестер Јунајтед.
Корпулентниот напаѓач е ангажиран како позајмен играч во наредните шест месеци а „црвените ѓаволи“ по тој рок ќе можат да му ги откупат правата дококу се задоволни од неговото претставување на теренот.
„Ми се оствари сонот, сега е реалност и мислам дека е малку лудо. Среќен сум што дојдов во Манчестер и што ќе работам со тимот“ –изјави 30-ет годишниот напаѓач кој има одиграно 35 средби за селекцијата на Нигерија и има постигнато 16 голови.

