Селекторот на Хрватска, Златко Далиќ, објави дека поголем дел од играчите што имаат картони или ситни повреди ќе бидат изоставени за последниот меч во Групата Д на Мундијалот 2018.
Балканците се сигурни патници во наредната фаза и мечот за нив нема посебно значење. Аргентина, Нигерија и Исланд ќе се борат за второто место. Изјавата на Далиќ ги изнервира луѓето од Нигерија кои побараа Хрватите да одиграат професионално и без калкулации на мечот со Исланд бидејќи од тој резултат може да зависи и нивното натамошно учество на Мундијалот. Во изјавите посебно беше агресивен капитенот, Џон Оби Микел.
„Мислам дека тоа е катастрофален потег за спортот. Не може да играте нечесно и да загрозите пласман понатаму на друга земја“ – вели Микел.