Италијански „Тутоспорт“ бденеск апишува дека лекарите на Наполи се фрапирани од нигериските лекари кои го лекувале Виктор Осимен, затоа што веруваат дека му нанеле поголема штета на рамото обидувајќи се да го вратат на своето место.
Напаѓачот го дислоцираше рамото за време на мечот меѓу Нигерија и Сиера Леоне на 13 ноември. Медицинскиот персонал од тимот на Нигерија се обидел да го врати рамото на свое место уште на теренот, а потоа тој се врати во Италија на тестови и спеицијалистички прегледи.
Сега „Тутоспорт“ тврди дека дислокацијата на рамото е целосно опоравена, но Осимен сè уште не може правилно да ја крене раката. Ова, наводно, е затоа што е применета неправилна техника од страна на нигериските лекари при што му ја уништиле тетивата на рамото.

