Новиот фудбалер на Челзи, Саул Нигез, откако буквално во последните минути на преодниот рок направи трансфер кај „сините“, објасни дека се чувствувал како Де Геа кој пред неколку години не замина во Реал Мадрид бидејќи документација не пристигна пред полноќ.
„Часот беше 23:57 кога се заврши трансферот. Мислев нема да се случи, се чувствував како Де Геа. Нервозна беше и мојата сопруга“ – вели Нигез.
Шпанскиот репрезентативец го напушти Атлетико Мадрид и како позајмен играч замина во Лондон.