Во очи на ждрепката за полуфиналето од ЛШ, од Баерн (М) и официјално го објавија наследникот на Јуп Хејнкес на кормилото на тимот следната сезона. Неговото име е Нико Ковач и тој доаѓа во Минхен од Ајнтрахт (Ф) на 1 јули оваа година.
Договорот на Ковач со баварскиот гигант ќе биде за период од три години.
Во моментов Хрватот е на чело на Ајнтрахт и има реална шанса да го однесе тимот до настап во европските купови. Минатата сезона Ковач успеа со Ајнтрахт да дојде и до финалето од Купот на Германија.