Македонскиот одбојкарски репрезентативец Никола Ѓорѓиев следната сезона се враќа во Јапонија. По една сезона од враќањето од земјата на изгрејсонцето и настапот во полскиот прволигаш Онико од Варшава, Ѓорѓиев следната сезона повторно ќе игра во Јапонија.
Нов клуб на нашиот коректор ќе биде Сакаи Блејзерс со кој Ѓорѓиев веќе постигна договор за следната сезона.