Капитенот на македонската одбојкарска репрезентација, Никола Ѓоргиев следната сезона ќе го носи дресот на ОК Љубљана. За нашиот најдобар одбојкар ова ќе биде 17. интернационално искуство во неговата богата кариера.
“Многу сум среќен што дојдов во ваков организиран клуб. Го следам тимот уште како дете и мојата цел секогаш беше да играм тука еден ден. Имам убави спомени од Љубљана бидејќи тука го добивме натпреварот на Европското првенство во 2019 година со македонската репрезентација против домашниот тим“, изјави Ѓоргиев.
Минатата сезона Ѓорѓиев ја заврши како член на турски Инегол Беледијеспор.

