Иднината на Никола Калиниќ на „Ванда Митрополитано“ е неизвесна, а Хрватскиот напаѓач во редовите на Атлетико Мадрид има јасен сигнал дека ќе биде во сенка на Алваро Мората, Диего Коста и Жоао Феликс, па затоа реши да побара нов тим. Италијанскиот тим Рома е најмногу заинтересиран за него.
Иако Един Џеко потпиша нов договор, на „Волчицата“ и треба засилување во нападот бидејќи Дефре е близу до преселба во Сампдорија, а два клуба од Бундеслигата се борат за Патрик Шик – РБ Лајпциг и Шалке 04.
Тренерот на Рома, Пауло Фонсека веќе даде зелено светло за привлекување на Никола Калиниќ. Понудата ќе биде за позајмица до крајот на сезоната, со опција за постојан трансфер. Минатото лето Атлетико му плати на Милан 14,5 милиони евра за Хрватот. Сепак, тој не успеа да се наметне во стартниот состав на Диего Симеоне и е подготвен да се врати во Италија, каде неговиот најуспешен период беше во дресот на Фиорентина.