Напаѓачот на Арсенал, Николас Пепе се извини за исклучувањето на мечот од 9 коло на англиската Премиер лига против Лидс Јунајтед (0:0).
„Јас го изневерив мојот тим во клучен момент од натпреварот и нема оправдување за моето однесување. Длабоко жалам и би сакал да им се извинам на навивачите, соиграчите, тренерот и остатокот од клубот“, напиша Пепе на својот Инстаграм профил.
Да потсетиме дека на почетокот на второто полувреме, во 51. минута, „Топџиите“ останаа со играч помалку поради однесувањето на Николас Пепе кој движејќи се кон казнениот простор без топка, влезе во дуел со Езџан Алиоски, а потоа го удри со глава. Главниот судија на средбата Ентони Тејлор ја гледаше видео снимката од овој момент, по што му покажа црвен картон на Николас Пепе.

