Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Домашен микс»Николиќ го објави списокот со кој одбојкарите патуваат на ЕП
    Домашен микс

    Николиќ го објави списокот со кој одбојкарите патуваат на ЕП

    sasoBy saso24/08/2021No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Селекторот на машката одбојкарска репрезентација, Душко Николиќ денеска го одреди составот на македонската репрезентација за настапот на Европското првенство. Во споредба со нашето дебитантско учество на континенталните самити, националниот дрес ќе го носат Лука Костиќ и Филип Савовски, покрај 12-темина коишто играа и во Љубљана.

    На коректорската позиција ќе биде капитенот Никола Ѓорѓиев, а Ѓорѓи Ѓорѓиев и Филип Деспотовски ќе се менуваат на позицијата техничар. Александар Љафтов, Владо Милев, Стојан Илиев, Лука Костиќ и Васе Михаилов се примачите на црвено-жолтите, Ристо Николов, Филип Маџунков, Филип Савовски и Славе Наковсе нашите средни блокери, а либера Дарко Ангеловски и Филип Николовски. Стојче Арсов, Ефтим Ричлиев и Костадин Ричлиев тренираа со репрезентацијата од собирот на 11-ти јули, беа и на листата на пријателските натпревари, го дадоа својот придонес во подготвителниот процес, но сепак, за свое деби на европските првенства ќе чекаат друга шанса. Од тимот пред две години ги нема Милков и Андонов.

    Македонските одбојкари ќе работат во Скопје до сабота, а потоа ќе патуваат во Тампере каде што од први до осми ќе се обидат да го повторат или да го подобратнивото од самитот во Љубљана каде што ги совладавме Белорусија и европскиот вице-првак Словенија што не беше доволно за осминафинале. Пристапот во Финска ќе биде поинаков, македонскиот тим ќе патува без посебен резултатски притисок, но со изразена желба да одигра соодветно, а доколку се случи тоа, можеби и да се надева на чекор понапред од 17-тото место на нашата континентална премиера. На патот ќе ни стојат домаќинот Финска, Холандија, Турција, Шпанија и Русија.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Стартуваше 46. издание на одбојкарскиот Меморијал „Чајка“

    05/08/2022

    12-годишниот Ѓурчиновски со четири победи на младинското ЕП во билијард

    03/08/2022

    Златен медал за Давид Петков на Европските универзитетски игри

    30/07/2022

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Рома и Вест Хем ќе се тркаат за потписот на Французинот
    • Германецот ќе се врати во татковината
    • Мертенс и Тореира имаа топло добредојде
    • Бањаја победи на трката за ГН на Британија
    • Арнаутовиќ чека понуда од Манчестер Ј.
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2022 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.