Душко Николиќ кој пред две години се израдува на сребрениот медал на ЕП како помошник на селекторот на Србија, Никола Грбиќ, ќе влезе во стручниот штаб во нашата селекција која се подготвува за дебитантскиот настап на континеталниот собир.
45-годишниот Николиќ ќе биде нов асистент на селекторот на Македонија, Никола Матијашевиќ откако досегашниот Ратко Павличевиќ поради клупски обврски набрзо ќе си замине.
Николиќ заедно со Матијашевиќ ќе треба да ги „прочитаат“ противниците и да скројат победничка тактика за септемвриските мечеви во Словенија.