Нашиот фудбалски репрезентативец, Бобан Николов, не крие дека е крајно изреволтиран од тоа што во Лигата на нации ќе треба да се одиграат 4 мечеви за само 10 денови.
„Кога веќе дојдовме тука, дојдовме да одиграме максимално. Кога доаѓаш за репрезентацијата ништо не е тешко, но, ова е катастрофа што се случува, за десет дена да одиграш четири натпревари“ – вели Николов.
„Во тоа не можеме да навлегуваме ние, си има нови правила така што ќе биде тешко. Мислам дека ќе покажеме на наредните четири натпревари дека ќе го поминеме и ова и ќе победиме на сите“ – изјави Николов.

