Прославениот македонски кајакар, Атанас Николовски, во денешното гостување на програмата на Спортско Радио 90,3 ФМ, проговори за претстојниот 55-ти ИКАС, за случувањата во нашиот кајак и за неговата интернационална кариера како тренер.
„Тука сум времено како дел од кампот за млади таленти под капата на Светската организација и воедно да помогнам за ИКАС.Мораме многу да работиме со младите кајакари за да можат да се наметнат во меѓународната конкуренција. Имаме одлични услови кои мора максимално да ги искористиме“ – потенцираше Николовски во интервјуто за Спортско Радио 90,3.
„По заминувањето од Македонија работев во Тајван, Казахстан и сега во Јапонија. Таму начинот на однесување на спортистите е многу поразличен од Европа а посебно од Балканот. Организациски се далеку пред нас. Тоа е посебен начин на спортска култура и се функционира беспрекорно“ – потенцираше Николовски.