Руд Ван Нистелрој во првиот меч како времен тренер на фудбалерите на Манчестер Јунајтед се израдува на убедлива победа против Лестер со 5-2 во рамките на Купот на Англија.
Холанѓанецот кој според најавите ќе ја извршува функцијата до доаѓањето на Рубен Аморим, вели дека секогаш ќе биде тука за клубот без разлика на неговата улога.
„Тука сум да му помогнам на Манчестер Јунајтед и давам се од мене. Во иднина, во било која улога, тука сум да му помогнам на клубот и тоа никогаш нема да се промени“ – вели Холанѓанецот.

