Поранешниот селектор на САД, Јирген Клинсман, може да продолжи со тренерската кариерата во текот на летото.
Раководството на Њукасл размислува за ангажманот на германскиот тренер, информираа локалните медиуми од Њукасл.
Од друга страна во Њукасл приоритет ќе и биде продолжувањето на договорот со Рафаел Бенитез, чиј договор истекува на крајот на јуни оваа година, но преговорите со него течат веќе подолго време, а никако не успеваат да постигнат договор. Доколку Шпанецот го напушти клубот, тој може да биде заменет од Клинсман. Јирген Клинсман беше поврзуван и со клупата на Херта Берлин.
54-годишниот тренер ги негираше овие информации. Клинсман ги водеше репрезентациите на Германија и САД за време на Светските првенства 2006 и 2014., а има работено и во Баерн Минхен.