Напаѓачот на Барнли, Крис Вуд (30) наскоро може да му се приклучи на Њукасл.
Според информациите, „страчките“ се блиску до трансфер на искусниот напаѓач за сума од околу 24 милиони евра. Претходно беше објавено дека фудбалерот сака да ја продолжи кариерата во Њукасл.
Новозеланѓанецот во тековната сезона на англиска Премиер лига одигра 17 натпревари, на кои постигна три гола.