Њукасл може да го земе тренерот на Порто Серџо Консеисао за нов тренер на нивната екипа, пренесува „Скај Спортс“.
Според најновите информации, тренерот е заинтересиран за можноста д аработи во Премиер лигата и е подготвен да го напушти Порто за да седне на клупата на Њукасл.
Англискиот тим разгледува неколку опции за следниот тренер, а профилот на португалскиот стручњак е најблиску до оној на Бенитез, кој не сакаше да го обнови договорот и го напушти клубот. Консеисао го водеше две сезони тимот на Порто и успеа да ја освои титулата во 2018 година.

