Голот на Харви Барнс за Њукасл во натпреварот од 21-то коло од англиското првенство против Лидс, постигнат во 102-та минута (101:48), стана надоцниот победнички гол во историјата на Премиер лигата од почетокот на водењето на вакви податоци (од сезоната 2006/2007), објавува OptaJoe на социјалната мрежа X.
Њукасл моментално е шести на табелата во англиската Премиер лига со 32 бода, додека Лидс е 16-ти со 22 бода.
Њукасл ќе се соочи со Вулверхемптон во нивниот следен натпревар од Премиер лигата на 18 јануари, со почеток во 15:00 часот. Пред тоа, тимот ќе игра против Борнмут во ФА Купот на 10 јануари и против Манчестер Сити во Лига Купот на 13 јануари.

