Њукасл официјално го потпиша напаѓачот на Штутгарт, Ник Волтемаде. „Страчките“ ќе платат 85 милиони евра за германскиот репрезентативец, со уште 5 милиони евра како додатоци.
Ова е најскапиот трансфер во историјата на клубот, надминувајќи го потпишувањето на Александар Исак од Реал Сосиедад од 72 милиони евра. Волтемаде ќе го замени шведскиот напаѓач, за кој се очекува да се приклучи на Ливерпул.
Договорот на Ник Волтемаде со Њукасл ќе биде петгодишен.
Напаѓачот постигна договор со Баерн, но Баварците одбија да платат повеќе од 60 милиони евра за него на Штутгарт. Швабите, пак, го потпишаа Ник Волтемаде како слободен трансфер минатото лето од Вердер Бремен.

