По раскинувањето на соработката со менаџерот Рафаел Бенитез, сега Њукасл е на пат да го изгуби својот најдобар фудбалер, што во голема мера ќе ги вознемири навивачите на тимот.
Англиските медиуми објавија дека од Њукасл се согласиле да го продадат на Лестер, напаѓачот Ајоз Перез за 30 милиони фунти. Договорот ќе биде факт кога Шпанецот ќе ги помине медицинските прегледи и ќе ги договори неговите лични услови.
Перез помина пет сезони во Њукасл, но последната му беше најуспешна, постигна 12 гола во Премиер лигата и беше најуспешен играч во тимот. Се зборуваше дека може да се врати во својата татковина, но сега тој е на пат да стане играч на тимот предводен од Брендан Роџерс и да биде партнер во нападот заедно со Џејми Варди.
Овој потег на Њукасл покажува дека ги очекува тешка сезона, ако минатата сезона тимот усшеа да се избори за опстанок, оваа ќе биде уште потешка доколку не с еслучи некое изнненадување, па со назначувањето на новиот менаџер да дојдат и адекватни засилувања.