Менаџерот на Њукасл, Еди Хау, вели дека долгото отсуство на повредениот , Џонџо Шелви, може да се одрази на играта на тимот, но, нема намера да купува друг играч да го пополни неговото место. Очекувањата се дека 30-годишниот играч за врска ќе паузира до ноември.
„Губењето на Шелви е голем удар за нас. Тој беше одличен играч во последните неколку сезони. Очекуваме да се врати на теренот за околу 12 недели“ – вели тренерот на Њукасл.
Неговите избраници во првото коло го совладаа Нотингем со 2-0 а во текот на викнедов ги очекува меч со Брајтон.