Тренерот на Њукасл Јунајтед, Стив Брус, поднесе оставка, објави официјалната веб-страница на клубот. Договорот е раскинат со заеднички договор на двете страни.
Грем Џонс е назначен за привремен тренер на Њукасл. Претходно беше објавено дека селекторот на белгиската репрезентација Роберто Мартинез, поранешниот тренер на Рома и Шахтјор, Пауло Фонсека, тренерот на Ренџерс, Стивен Жерард, шефот за спорт и развој на Локомотив Москва Ралф Рангник, или Унаи Емери од Виљареал се кандидати за местото на Стив Брус.
Да потсетиме, на 7 октомври нов сопственик на Њукасл стана Државниот инвестициски фонд на Владата на Саудиска Арабија (ПИФ). Њукасл освои 3 бода на 8 натпревари и се на последното метсо на табелата на англиската Премиер лига.