Англискиот фудбалски состав Њукасл, реагираше по новите обвиненија од ФА за фудбалерот Сандро Тонали и тоа поради нелегално обложување.
Италијанецот кој претходно беше казнет 10 месеци, сега е обвинет за нови 50-ет прекршувања на правилата. Тонали уште ја издржува претходната казна.
– Поради тековниот процес, Сандро и Њукасл сега не можат да коментираат ништо “, се вели во соопштението на официјалниот X (поранешен Твитер) профил на англискиот клуб.