Њукасл планира сериозно да го засили составот во летниот преоден рок, објавува „ESPN“.
Според оваа информација, клубот го следи напаѓачот на Наполи, Дрис Мертенс , играчот од средниот ред на Челзи, Вилијан , како и напаѓачот на ПСЖ , Единсон Кавани. Сепак, клубот смета дека потпишувањето на кој било од овие тројца играчи ќе биде тешка задача. Договорите на Мертенс, Вилијан и Кавани со нивните клубови се со важност до крајот на оваа сезона.
Њукасл, кој има освоено 35 поени по 29 кола во Премиер лигата, го зазема 13-то место со 8 бода пред зоната за испаѓање, но со новите сопственици сака да направи тим кој следната сезона ќе се бори за висок пласман.