Менаџерот на Њукасл, Еди Хау, сака да додаде нов играч од средниот ред во својот тим во јануари. Англичаните веруваат дека доведувањето на плејмејкер во зимскиот преоден рок ќе реши еден голем проблем на средината кој се појави во последно време.
Њукасл испратил скаути да ги следат перформансите на Јури Тилеманс од Лестер Сити и Мојсес Кајседо од Брајтон, бидејќи Хау претпочита играч кој веќе има искуство во Премиер лигата.
Сепак, на радарот на тимор се и Кефрен Турам од Ница, Квадио Коне од Борусија Менхенгладбах и Едсон Алварез од Ајакс.