Њукасл го идентификуваше крилото на Брентфорд, Брајан Мбеумо како нивна „главна трансфер цел“ за јануарскиот преоден рок. Според новинарските извештаи, по разочарувачкиот почеток на сезоната, „страчките“ го префрлаат фокусот од дефанзивните на офанзивни засилувања.
Мбеумо имаше одлична сезона за Брентфорд и уште еднаш се појави како кандидат да го засили нападот на Њукасл. 24-годишниот играч е во одлична форма, постигнувајќи шест гола во осум натпревари во Премиер лигата, а исто така создаде пет големи шанси за своите соиграчи.

