Дефанзивецот на Њукасл Јунајтед, Фабијан Шер ќе пропушти уште најмалку два натпревари откако не играше викендов ниту на мечот со Борнмут во Премиерлигата. Менаџерот Еди Хау потврди дела повредата на дефанзивецот на Њукасл Јунајтед, доволно сериозна за да тој мора да остане надвор од тимот уште десетина дена.
33-годишниот Шер беше принуден да се повлече од игра во второто полувреме во поразот на „страчките“ од Барселона со 2-1 во Лигата на шампионите. Шер претрпе силен удар во главата откако го блокираше силниот удар на Маркус Рашфорд. Иако се претпоставуваше дека Шер е отсутен поради потрес на мозокот, тоа не беше официјално потврдено сè додека Хау не даде изјава за медиумите по натпреварот со Борнмут.
Хау откри дека е во сила 12-дневен протокол за потрес на мозокот, што значи дека Шер ќе ги пропушти следните два натпревари против Бредфорд Сити и Арсенал.

