Напаѓачот на Арсенал, Еди Нкетиа навести дека ќе го напушти клубот во текот на летниот преоден рок. 22-годишниот Англичанец ја наведе главната причина за негово заминување, а тоа е поголема минутажа.
„Добив неколку предлози за нов договор, но мојата цел е да играм фудбал и да играм редовно. Ова е мојата амбиција и се надевам дека ова ќе се случи“, изјави Нкетиа.
Според новинарот Фабрицио Романо, интерес за Нкетиа има од екипи од англиската Премиер лига, но и од германската Бундес лига.