Капитенот на Вест Хем, Марк Нобл, е убеден дека фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Џеси Лингард, се обиде да изнуди пенал на вчерашниот меч одигран на Олд Трафорд во рамките на Купот на Англија.
Во второто полувреме, Нобл имаше дуел со противничкиот фудбалер во шеснаесетникот, но, судијата не покажа на белата точка. Интересно е тоа што Лингард во претходната сезона играше како позајмен токму за „чеканите“.
„Тоа е фудбал, во таа ситуација Џеси симулираше. Му се налутив и му викав. Смешното е што кога беше со нас, не се однесуваше така а сега тоа го прави во Јунајтед“ – рече Нобл.