Голманот на Баерн Минхен, Мануел Ноер, кој се повреди на мечот со Борусија Дортмунд во Супер-купот на Германија, морал да го пропушти вчерашниот тренинг, стои во објавата на Баварците.
„Ноер го повреди десниот скочен зглоб на мечот со Дортмунд и нема да учествува на тренинзите“ – стои во краткото соопштение без да се прецизира кога голманот ќе се врати на терените.
Фудбалерите на Баерн Минхен в недела ги очекува натпреварот против Келн во рамките на новото коло во Бундес-лигата.