Новиот селектор на фудбалерите на Германија, Ханси Флик, потврди дека голманот на Баерн (Минхен), Мануел Нојер, ќе продолжи да ја носи капитенската лента кај „панцирите“.
„Да, Ноер ќе остане капитен на Германија“ – рече Флик непосредно пред собирот на репрезентативците за септемврските мечеви.
„Нојер за мене е играч од светска класа и човек кој може да го води тимот“ – изјави Флик кој ќе дебитира на клупата в четврток на мечот со Лихтенштајн во квалификациите за Мундијалот.