Мануел Нојер го подобри рекордот на Оливер Кан за најмногу „чисти мрежи“во Бундеслигата. Сега актуелниот голман на Баерн Минхен нема примено гол на 197 натпревари во германската лига.
Нојер го постави овој рекорд благодарение на победата на Баерн на гостински терен над Шалке во 18-от натпревар од тековната сезона во Бундеслигата. Средбата заврши со резултат 4: 0 во корист на тимот од Минхен.

Да потсетиме, Оливер Кан во периодот од 1987 до 2008 година играше за германските клубови Баерн Минхен и Карлсруе. Кан имаше 196 натпревари во Бундеслигата без да прими гол. Интересно е тоа што Нојер го постави овој рекорд токму на натпреварот против неговиот поранешен клуб Шалке каде настапуваше до 2011 година.

