Голманот Мануел Нојер веројатно нема да брани за Баерн Минхен на утрешниот натпревар против Шалке 04.
Тренерот на Баварците Нико Ковач повеќе сака да го има Нојер на голот на својот тим на претстојните натпревари од Лигата на шампионите. Нојер го повреди палецот од десната рака на тренингот минатата недела.
„Играчот мора да одлучи дали е подготвен да игра или не. Нојер не играше против Херта, истото најверојатно ќе биде против Шалке и не сакаме да ризикуваме пред натпреварите против Ливерпул во Лигата на шампионите”, рече Нико Ковач. Тренерот на Баерн не знае кога повредениот Ариен Робен ќе се врати на теренот.