Првиот голман на Германија Мануел Нојер, ќе биде достапен на селекторот Ханзи Флик за вечерашниот натпревар во Скопје.
Селекцијата на Германија сака со победа во Македонија да ги реши сите дилеми околу првата позиција во нашата група. Исто така и Антонио Рудигер кој го прескокна последниот тренинг во текот на вчерашниот ден и наместо на тренинг со останатите, тренираше во хотелот – чисто од претпазливост, објасни Флик.
„Тој играше многу во последен период и затоа решивме да му дадеме малку одмор и работеше само за рекоперација. Сепак Антониот е подготвен максимално и може д аго користиме за оваа средба“ рече Флик.
За време на прес-конференцијата во Хамбург, Флик уште еднаш се сети на тоа дека Македонија е единствената која и нанесе пораз на Германија.
“Се разбира, го анализиравме првиот натпревар, но јас навистина не сакам да зборувам за тоа што треба да направиме подобро отколку во првиот натпревар. Се работи за тоа што ние размислуваме за нашите квалитети и веруваме дека можеме да одиграме на највисоко ниво за да дојдеме до победа” истакна Флик.