По 21 сезона и 923 натпревари на теренот, голманот на Баерн (М), Мануел Нојер, синоќа го доби првиот црвен картон во кариерата. На мечот од Купот на Германија, тој беше исклучен по само 17 минути, по што Баер (Л) стигна до победа и се пласираше во четвртфиналето.
„Тоа беше одлучувачко за натпреварот. Жал ми е. Му се извинив на тимот. Се надевав на офсајд во ситуацијата. Не можам да го сменам сега. Тоа беше грешка и морам да ја прифатам. За жал, ништо не можам да направам за тоа“, изјавил Нојер.

