Капитенот на Баерн Минхен, Мануел Нојер, тренира индивидуално и тоа по само две недели откако го оперираше на коленото на десната нога.
Германскиот фудбалски голман на неговата веб-страница објави кратко видео на кое се гледа како трча. Искусниот чувар на мрежата на Баварците беше подложен на лекарска интервенција на 6 февруари.
Според најавите, 35-годишниот Нојер ќе мора да паузира од фудбалот до крајот на март.