Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ, кој по многу перипетии мораше да го пропушти големиот собир во Мелбурн, дефинитивно ќе може да настапи на вториот годинашен Грен Слем турнир на терените на Ролан Гарос.
Властите во Франција ги олабавија ковид – мерките што значи дека таму ќе може да влезат и лица кои не поседуваат ковид – сертификати.
Тоа значи дека Ѓоковиќ ќе има шанса да ја брани титулата на Отвореното првенство на Франција.