Тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, по вчерашниот пораз на теренот на Барселона во реваншот од 1 / 4 финалето во Лигата на фудбалските шампионитe, изјави, дека неговиот тим не ја покажал посакуваната партија и дека домаќинот бил подобар на теренот.
Според норвешкиот стратег, главен виновник за елиминацијата на „црвените ѓаволи“ од ЛШ е првата ѕвезда на шпанскиот тим, Лео Меси, кој успеа да постигне два гола во првиот дел и да го најави пласманот на Каталонците меѓу најдобрите четири во Европа.
„Морам да признаам дека Меси е врвен играч. Мора да тежнееме на дојдеме на нивото на Барселона. Ако сакаме Јунајтед да го вратиме таму каде што припаѓа, мораме да бидеме во можност да и парираме на Барселона“ – вели тренерот на англичаните