Привремениот менаџер на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјаер, им даде совет на фудбалерите кои главно ја греат клупата.
Норвешкиот тренер успеа со одлична ротација во нападот да го извлече максимумот од Ромелу Лукаку, Маркус Рашфорд, Ентони Марсиал и Алексис Санчез. Откако Солскјер седна на клупата, „црвените ѓаволи“ имаат импресивна серија од осум победи во исто толку натпревари во сите конкуренции.
„Досега, нема проблем, бидејќи нашите натпревари ги реализираме според планот. Играчите што седат на клупата мора да бидат трпеливи и максимално подготвени кога ќе добијат шанса на теренот. Менеџерот секогаш се соочува со фактот дека не може сите да ги стави во игра и дека мора да ја донесе вистинската одлука“ – вели тренерот од Скандинавија пред денешниот меч со Барнли во рамките на Премиер лигата.